Кампања „Читаме гласно - говориме јасно"
Придружете се во прославата на Светскиот ден на читањето на глас и создавање на магични искуства за најмладите!
Пријавете се
По повод 2 Февруари, Светски ден на читањето, Литературниот клуб "Калин" при Национална установа Центар за култура - Крива Паланка, Библиотека "Кочо Рацин", организира
Кампања „Читаме гласно - говориме јасно"

1

Почеток
Кампањата започнува на 02.02.2024 година и трае цел месец.

2

Учесници
Предучилишни установи, ученици, родители, наставници и јавни личности ја прославуваат моќта на читањето.

3

Цел на Кампањата
Ја подига свеста и ја негува љубовта кон читањето и развојот на говорните вештини кај децата.
Учесници во Кампања „Читаме гласно - говориме јасно":
Учество и придобивки од кампањата

1

Учество
Сите родители, наставници, воспитувачи и негуватели, баби и дедовци, мајки и татковци, сите љубители на читањето - месецов, во знак на Светскиот ден на читањето, имаат задача да им читаат на глас на дечињата, како клучен метод за развивање читачки навики.

2

Стекнување знаења и вештини
Читањето допринесува за постигнување успеси во училишните задачи, како и стекнување соодветни знаења и вештини.

3

Фантазија и Креативност
На овој начин се работи на превенција од појава на тешкотии при читање, дислексија, особено во ерата во која живееме, на модерни технологии и запоставеност на читање печатени книги

4

Збогатување на речникот
Книгата е во центарот на вниманието на детето и претставува извор на знаења, корисни и возбудливи искуства. Дружењето со книгите и читањето го збогатува речникот на најмладите, го зголемува фондот на нивните знаења, бидејќи она што го читаат можат да го поврзат со тоа што го гледаат и слушаат околу себе.

5

Љубовта кон книгата
Кога родителите читаат на глас, стануваат пример за децата и им ја пренесуваат љубовта кон книгата.
Читајќи, децата се запознаваат со литературниот јазик што се разликува од секојдневниот говор и разговорен јазик, што е особено важно за образованието.
Додека слушаат, децата ги развиваат својата фантазија и креативност.

6

Вклучување во кампањата
Поради тоа, драги наши читатели и љубители на книгата, ве покануваме да се вклучите во кампањата "Читаме гласно - говориме јасно", доставувајќи ни снимка од вашето гласно читање книга со вашите најмили, со вашите ученици, дечиња, внуци или пријатели.
Учество во Кампањата
Секој наставник или ментор може да учествува со една видео снимка, во траење до 3 минути.
Кампањата има за цел негување на македонскиот литературен јазик и читање исклучиво поезија и проза: стихови за деца, песни од македонски поети и раскази или извадоци од романи од македонски автори.
Доставување на видео-материјал
Видео-материјалот треба да биде поставен на YouTube, а ваше е да ни доставите линк од видеото, со генералии, податоци за учесниците и согласност за објавување на видео-материјалот на следнава e-mail-адреса: [email protected]
На сите учесници во кампањата ќе им бидат доделени дигитални сертификати.
Автори и координатори на кампањата
Автори и координатори на кампањата:
наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски, ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ - Крива Паланка и Ирена Белешковска, филолог, новинар и поет од литературен клуб „Калин“
Made with Gamma